GRAD SUNCA

Концернот СВИССЛИОН покрај бројните успеси во полето на прехранбената индустрија во Требиње, ја прошири својата дејност и во туризмот и угостителството.

Имајќи смела визија за ренесанса на Требиње и цел за враќање на сјајот на градот кој се капе во сончеви зраци, започна изградбата на комплексот GRAD SUNCA – совршено место за дружба и разонода.

Овој комплекс се простира на 8 хектари, на кои се наоѓа Аква Парк полн со базени и тобогани и Дино Парк со 15 реплики на диносауруси – каде најмалите можат да нурнат во светот на имагинацијата и да истражуваат праисториски светови.

Ниту едно дете не останува рамнодушно во ова забавно место за луда авантура.

Во склоп на комплексот може да се најде и Wellness & spa centar, храмот за релаксација за добробит на убавината и здравјето.

Локацијата е совршена за да директно од плажите на Јадранското приморје се дојде на правото место за одмор и уживање.

HOTEL SL Industry

На местото на некогашната управна здрада на Industrija Alata Trebinje, концернот СВИССЛИОН изгради модерен хотел.

Иако реставрирањето на индустриската зграда не беше воопшто лесна задача, сепак, за крајниот резултат и квалитетните услуги на овој хотел сведочат четирите ѕвезди.

Бидејќи за цел беше поставено зачувување на минатото на овој објект, истиот се реконструираше со намера да се зачува богатата историја на индустријата за алати и истата да се овековечи со карактеристични детали. Самите многубројни експонати на индустриски алати кои биде произведени во овој објект сведочат за нашата грижа за културното и работното наследство.

Комбинација од креативност, оригинални детали и функционалност го краси секој дел од хотелот SL Industry.

Целиот ентериер се одликува со совршен спој на минатото и на модерното време – кои се подеднакво примамливи за млади авантуристи, но и за деловни гости, на кои посебна погодност им е можноста за користење на конференциската сала со капацитет за 100 посетители, опремена по најмодерни стандарди.

Кога ќе се спои едноставноста, оригиналноста и убавината на ентериерот, овде доживувате посебна енергија и чувствувате како срцето на древно Требиње бие во ритамот на модерното време.

HOTEL SL Panorama

Хотелот SL Panorama, кој е сместен во Grad Sunca, исто како и SL Industry хотел е член на SL Hotels групата.

Овој хотел, кој е синоним за луксуз и удобност има 5 ѕвезди.

Сместен на три ката, поседува 6 делукс твин соби и 19 делукс соби. Секој кат поседува бистро за послужување храна и пијалоци.

Како и во другиот наш хотел – SL Industry, големо внимание е посветено на ентериерот на хотелот.

Стилски и тематски мотиви на собите во овој хотел се водата, воздухот и сонцето.

На самиот врв се наоѓа кровна тераса со ресторан која во целост го оправдува името на хотелот. Панорамскиот поглед кој го пружа оваа тераса чини посебно задоволство покрај свежиот воздух, летното ветерче, доброто вино и вкусни залчиња.

Освен квалитетното сместување и прекрасниот поглед од кои дури и најпребирливите гости ќе бидат задоволни, посебно внимание се обрнува и на гастро понудата.

Vršački vinogradi

Вршац е место кое одамна е познато по културата и занаетчиството, но и по производството на еден од најважните пијалоци – виното.

За историското значење на виното за овој град и традицијата на неговото одгледување сведочи и фактот дека виновата лоза станала дел од  грбот на градот Вршац уште во далечната 1871 година.

Во текот на 19ти век овде се наоѓало најголемото виногорје во цела Унгарија, а во времето на поранешна Југославија овде била најголемата винарска визба, која за жал, 25 години пропаѓаше.

Охрабрени од деловните успеси и од регионалниот раст кој трае веќе 2 децении, менаџментот на концернот СВИССЛИОН донесе храбра одлука на почетокот на 2017 година со цел својата стручност, капитал и љубов за зачувување на богатата традиција на овие простори да ги вложи во ревитализација на овие величенствени лозови насади и презеде одговорност за реорганизирање и инвестирање во сите сегменти на производството.

Во лозовите насади животот се враќа со забрзано темпо.

Виното од Вршачките лозја повторно ќе се точи ширум земјите во светот и повторно ќе повикува на песна и љубов.