Layer 9

АГРОПЛОД АД Ресен е компанија формирана далечната 1967 година во Преспанскиот регион, во идеалниот регион за одгледување на јаболка. Почнал скромно само со осум работници, без никакви материјални средства, но со ентузијазам и силна желба за творечки растеж. Всушност оваа компанија почнала како мало микропретпријатие, а денес претставува репрезент на Република Северна Македонија за успешна компанија во прехрамбената индустрија.

Агроплод  АД  Ресен денес во својата дејност опфаќа производство и откуп на земјоделски производи, претежно конзумни јаболка кои како селективно одбрани еколошки здрави плодови ги задоволуваат потребите на клиентите со префинет вкус како од домашниот така и од странскиот пазар со што уште повеќе придонесува да претставува пример за македонското стопанство.

Поволната географска положба како и извонредните климатски услови во регионот овозможуваат континуитет во обезбедувањето  на висок  квалитет и квантитет на производство на различни земјоделски производи пред се на  овошја односно јаболката кои воедно се далеку признати и ценети.

Искуството во производството на јаболка е еден од најголемите адути на компанијата, која претставува лидер во иновациите во земјоделското производство  во регионот. Квалитетот на јаболкото од преспанскиот регион е познато, како на Балканот така и во светски рамки, што уште еднаш го оправдува инвестирањето во нови јаболкови насади, обновување на старите насади согласно новите светски трендови, откуп како и нивно соодветно складирање и чување.