Prespansko-sonceСВИССЛИОН АГРАР ДОО Ресен е формирана во 2006 година со цел формирање на бизнис целина која ќе се занимава со производство на јајца. Компанијата поседува 6 производни хали во кои може да се сместат 180.000 несилки. Моментално, производниот капацитет на живинарската фарма за производство на јајца е исполнет сo 60%, и дневно се произведуваат околу 95,000 јајца.

Живинарската фарма за производство на јајца, според вселливиот капацитет е најголема фарма за јајца во Македонија, а развојните планови се насочени истата да стане и најмодерна фарма која ќе работи согласно најстрогите ЕУ правила.

Во СВИССЛИОН АГРАР се одгледува светски најпознатиот хибрид на кокошки несилки – LOHMANN brown.

Препознатливи сме по брендот Преспанско Сонце, кое на пазарот може да се најде во повеќе ланци на маркети и во различни форми на пакувањет.

Покрај оваа дејност, компанијата започна и со одгледување на пчели и производство на мед, дејност која треба да го надополни успешното работење на компанијата.