ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје е горд член на концернот СВИССЛИОН – ТАКОВО , кој е еден од најголемите и најпознатите производители на храна и пијалоци во Југоисточна Европа.
Во 1998 година, ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје започнува со работа, прво како генерален дистрибутер, а потоа и со производствен погон како “Green field” инвестиција.
Во 2001 година, со единствена цел за постигнување на максимална продуктивност и ефективност во работата, компанијата се дели на СВИССЛИОН ДОО Скопје, со основна дејност производство на кондиторски производи и СВИССЛИОН Мак ДОО Скопје, со основна дејност продажба на големо и мало и дистрибуција на целиот асортиман на групацијата SWISSLION.
Во 2005 година СВИССЛИОН ДОО Скопје ја проширува својата дејност со нова производна линија за солено трајно пециво, а во 2006-та, станува доминантен сопственик на АД АГРОПЛОД Ресен и врши целосна ревитализација и модернизација на фабриката, со широк асортиман на познати брендови. Во 2011 СВИССЛИОН продолжи со својата развојна политика и инвестираше во нова трафостаница и нов погон за дражирани производи.
Од 2012 година кога и се дефинираше финално сопственичката структур ана АД АГРОПЛОД, СВИССЛИОН во Северна Македонија ги има сите предуслови за континуранраст и развој. Моментално СВИССЛИОН во Северна Македонија делува преку 4 правни субјекти и тоа:
- ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје – со основна дејност трговија со прехрамбени производи
- СВИССЛИОН-АГРОПЛОД ДООЕЛ Ресен – со основна дејност производство на кондиторски производи
- СВИССЛИОН АГРАР ДООEL Ресен – со основна дејност производство на јајца
- АГРОПЛОД АД Ресен – со основна дејност земјоделие