Од аспект на стандардите за безбедност на храна, SWISSLION секогаш бил чекор понапред. Уште во 2005 година, го доби HACCP сертификатот, а веќе наредната година беше првата компанија во Македонија којашто го доби интернационалниот сертификат за безбедност на храна ISO 22000:2005. Во 2008 Swisslion го доби и Kosher сертификатот кој претставува единствен предуслов за извоз на пазарите со еврејска популација, а успешно го имплементираше и HALAL стандардот, кој ја таргетира муслиманската популација. Стекнувањето на IFC сертификатот само го надополни протфолиото и со тоа се отворија вратите на европските ланци на супермаркети. Уште една новост од аспект на интернационалните стандарди е добивањето на најновиот сертификат за безбедност на храна FSSC 22000:2010, со што СВИССЛИОН ќе може непречено да ги освојува европските и светските пазари, без исклучок.
Пред нашите производи да излезат од нашите фабрики и да тргнат на сите четири страни од светот, нашиот тим на професионалци во сопствените микробиолошки лаборатории будно ги контролира истите. Безбедноста на храната произведена под брендот SWISSLION е бескомпромисна, па затоа во Македонија постојат две интерни лаборатории, опремени со најмодерна опрема во која се користат највисоките стандарди за потврдување на микробиолошката безбедност на производите.