ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје

ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје2018-12-27T12:05:22+02:00

swisslion-skopjeПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје е горд член на концернот СВИССЛИОН – ТАКОВО , кој е еден од најголемите и најпознатите производители на храна и пијалоци во Југоисточна Европа.

Во 1998 година, ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје започнува со работа, прво како генерален дистрибутер, а потоа и со производствен погон како “Green field” инвестиција.

Во 2001 година, со единствена цел за постигнување на максимална продуктивност и ефективност во работата, компанијата се дели на СВИССЛИОН ДОО Скопје, со основна дејност производство на кондиторски производи и СВИССЛИОН Мак ДОО Скопје, со основна дејност продажба на големо и мало и дистрибуција на целиот асортиман на групацијата SWISSLION.

Во 2005 година СВИССЛИОН ДОО Скопје ја проширува својата дејност со нова производна линија за солено трајно пециво, а во 2006-та, станува доминантен сопственик на АД АГРОПЛОД Ресен и врши целосна ревитализација и модернизација на фабриката, со широк асортиман на познати брендови. Во 2011 СВИССЛИОН продолжи со својата развојна политика и инвестираше во нова трафостаница и нов погон за дражирани производи.

Од 2012 година кога и се дефинираше финално сопственичката структура на АД АГРОПЛОД, СВИССЛИОН во Македонија ги има сите предуслови за континуран раст и развој. Моментално СВИССЛИОН во Македонија делува преку 4 правни субјекти и тоа:

  • ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје – со основна дејност трговија со прехрамбени производи
  • СВИССЛИОН-АГРОПЛОД ДООЕЛ Ресен – со основна дејност производство на кондиторски производи
  • СВИССЛИОН АГРАР ДОО Ресен – со основна дејност производство на јајца
  • АГРОПЛОД АД Ресен – со основна дејност земјоделие