Нашите две фабрики, СВИССЛИОН – АГРОПЛОД подружница Скопје и СВИССЛИОН – АГРОПЛОД Ресен, работат по SL технологијата, која е симбол и гаранција за врвен квалитет.

Тоа е модерна и автоматизирана технологија за производство на природна и здрава храна со контролирано потекло на суровините, која резултира во квалитетни производи со совршен вкус. Наша должност е да произведеме здрава храна со врвен квалитет, за сите возрасти и по достапни цени.

Во нашата фабрика имаме повеќе производни линии:

1.Линии за производство на бисквит со желе, прелиен со чоколадо и тоа 2 линии:

*Baker Perkins – дозирање на желе

*Sollich–премачкување на цел бисквит со желе

2.Линии за производство на чоколадо, течен крем, крем блок и путер од кикирики

3.Линија за производство на дражирани бонбони

4.Линија за производство за чоколадно дражирање

5.Линија за производство на пржени кикирики, печено и фино мелено кафе

6.Линија за производство на суво печени кикирики, семенки и јаткасти плодови

  1. Линија за производство на вафли

8.Линија за производство на пенасти чоколадирани производи

9.Линија за производство на екструдирани и полнети производи

10.Линии за производство на флипс

11.Линија за производство на тврди бонбони и карамели

12.Линија за производство на мајонез и кечап

13.Линија за производство на локум

14.Линија за производство на солени стапчиња и полнети стапчиња.

Почнувајќи со Еуробисквит, Софти бисквит, Hello, Choco boom преку познатите брендови Ресана, Агрокрем, кафето Агроплод, дражираните бомбони Бони Топ, кикириките, флипсот, Корн Флекс, Чоко макс и Коко макс, како и вафлите Ленка, SWISSLION потврдува дека има веќе докажани брендови на пазарот со долгогодишна традиција на производство и уникатност на вкусот.

Независно дали сте млади или стари, љубители на црна или бела чоколада, кикирики, сирење, крцкав флипс или кекс со овошно желе – нашите производи ќе ги задоволат вашите потреби за вкусни залчиња и уживање во нашите слатки и солени вкусови.

Иако производите на SWISSLION се продаваат на повеќе континенти, сепак главната ориентација се балканските земји. Производите кои се произведуваат во Македонија се пласираат во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Словенија, Бугарија, а исто така и во Шведска, Данска, Америка и Австралија, при што околу 60% од вкупното производство е наменето за извоз.

Од аспект на стандардите за безбедност на храна, SWISSLION секогаш бил чекор понапред. Уште во 2005 година, го доби HACCP сертификатот, а веќе наредната година беше првата компанија во Македонија којашто го доби интернационалниот сертификат за безбедност на храна ISO 22000:2005. Во 2008 СВИССЛИОН го доби и Kosher сертификатот кој претставува единствен предуслов за извоз на пазарите со еврејска популација, а успешно го имплементираше и HALAL стандардот, кој ја таргетира муслиманската популација. Стекнувањето на IFC сертификатот само го надополни протфолиото и со тоа се отворија вратите на европските ланци на супермаркети. Уште една новост од аспект на интернационалните стандарди е добивањето на најновиот сертификат за безбедност на храна  FSSC 22000:2010, со што СВИССЛИОН ќе може непречено да ги освојува европските и светските пазари, без исклучок.

Пред нашите производи да излезат од нашите фабрики и да тргнат на сите четири страни од светот, нашиот тим на професионалци во сопствените микробиолошки лаборатории будно ги контролира истите. Безбедноста на храната произведена под брендот SWISSLION е бескомпромисна, па затоа во Македонија постојат две интерни лаборатории, опремени со најмодерна опрема во која се користат највисоките стандарди за потврдување на микробиолошката безбедност на производите.

Освен производство и големопродажба, нашата следна цел е развој на малопродажбата и отворање на нови Слатки Куќи .

Слатките Куќи се ланец на малопродажни објекти и секоја од нив претставува мало царство во кое можат да се најдат сите производи со врвен квалитет од целиот асортиман на СВИССЛИОН, по конкурентни цени.

Наша драга цел и задача е на секој град од Македонија да му донесеме по барем едно СВИССЛИОН царство за уживање во нашите прекрасни вкусови.