Квалитет!
Затоа што зависи од нас.
ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје, основана во 1998 година, е горд член на концернот СВИССЛИОН – ТАКОВО, кој е еден од најголемите и најпознатите производители на храна и пијалоци во Југоисточна Европа.
Нашите две фабрики, СВИССЛИОН – АГРОПЛОД подружница Скопје и СВИССЛИОН – АГРОПЛОД Ресен, работат по SL технологијата, која е симбол и гаранција за врвен квалитет, тоа е модерна и автоматизирана технологија за производство на природна и здрава храна со контролирано потекло на суровините, која резултира во квалитетни производи со совршен вкус.
Наша должност е да произведеме здрава храна со врвен квалитет, за сите возрасти.
Во нашите фабрики во Скопје и Ресен имаме околу 600 вработени, кои секојдневно вредно докажуваат дека светските стандарди се достижни и во Македонија.
СВИССЛИОН АГРОПЛОД е сертифициран со FSSC 22000, HACCP, Kosher и HALAL сертификатите.
Денеска СВИССЛИОН во Македонија претставува една од најголемите кондиторски индустрии, во рамките на увозот и извозот на кондиторски производи.