НОВО! Nutricea функционална храна

Од неодамна асортиманот Swisslion Agroplod e збогатен со 4 нови производи кои како функционална храна се именувани како група на производи NUTRICEA

Овие житарици се богат извор на енергија, а даваат и многу здравствени погодности. Фруктозата со која се засладени житариците има низок гликемиски индекс, па овие житарици може да бидат и погодна храна за дијабетичари.

 

Здравствените погодности на експандираните житарици се должат на составот на целото зрно од житариците:

–  Високата содржина на диететските влакна поволно влијаат на интестиналниот тракт, можат да ја намалат опасноста од срцеви заболувања и некои типови на канцер, па допринесуваат кон одржувањето на здравото ниво на крвта и на тој начин ја редуцираат опасноста од појава на дијабетис.

–  Експандираните (цело зрно) житарици се богати со витамини од B групата (тиамин, рибофлавин, ниацин, фолна киселина) кои имаат важна функција во метаболизмот при ослободување на енергијата од јаглехидратите и протеините, како и клучна улога во здравјето на нервниот систем

–  Експандираните (цело зрно) житарици се и извор на минерали:

  • железо – има клучна улога во внесувањето на кислородот во крвта
  • магнезиумот – помага во изградбата на коскеното ткиво
  • селен – е моќен антиоксиданс, го зајакнува имунолошкиот систем на организмот, ловејки ги слободните окси-радикали и на тој начин го штитат телесното ткиво од оштетувања.

 

Може да се корстат како снек производ, додаток на мусли, торти, колачи, прелиени со млеко, јогурт…..