Свислион – Супербранд за 2011/2012 година

Свислион доо Скопје по вторпат е добитник на престижното признание Супербранд 2011/2012 година.

Новото рангирање покажа дека Свислион е ретка трговска марка која заслужено ги задоволува сите критериуми на светската реномирана организација „Superbrands International“ и на своите потрошувачи. Повеќе од 12.000 потрошувачи и експерти вклучени во истражувањето на „Супербрендс“ гласаа по меѓународни стандарди, при што „Свислион “ ги оправда очекувањата за постигнување на највисок и неприкосновен квалитет на производите и врвна услуга кон своите ценети потрошувачи, како и професионално ориентиран однос кон сите партнери во работата.

Ова признание за Компанијата многу значи, пред сé заради тоа што Свислион секогаш ги следи светските примери во прехрамбената индустрија, при што перцепцијата за брендот од страна на потрошувачите е особено важна. Свислион е особено горд на своите брендови кои егзистираат на овие пазари повеќе од 40 години, брендови кои нудат пријатни секавања и изобилство на вкусови. Ознаката супербранд значи и обврска повеќе за задоволување на очекувањата на сите наши верни купувачи.