Квалитет

Лабораторија

Провереното е секогаш побезбедно од непровереното

За квалитетот и безбедноста на палетата производи излезени од производните линии на Swisslion – Скопје е задолжена микробиолошката лабораторија (основана 2011 година), која функционира и работи за Вашата безбеднот. Со цел мониторинг на микробиолошката состојба на производите од почеток на производството до самиот крај, лабораторијата врши микробиолошки анализи на сите производ и влезни суровини по најсовремени стандарди и со најмодерна опрема.

Стандарди

Свесноста за важноста на стандардите продолжува…

Како модерен и современ капацитет Swisslion – Скопје е носител на познатиот стандард ISO 22000,  функционален, имплементиран и сертифициран од 2006 година. ISO 22000 претставува мост помеѓу ISO 9001 I HACCP, стандард кој обединува два многу важни параметри за квалитетна работа во организација и безбедна работа на производниот процес.

Во 2011 година Swisslion – Скопје го имплеметираше IFS стандардот, кој важи за еден од построгите стандарди за прехрамбената индустрија, а кој ќе доведе до отворање на врати кон нови пазари и извоз на производи во сите земји на ЕУ.  Во Македонија, Swisslion е една од ретките производствени погони кој ги оправдал строгите барања на овој стандард.

Се цел освојување на нови пазари, но и од љубопитност за нови култури и стандарди поврзани со храната кај нови потенцијални потрошувачи, Swisslion ги имплементираше и стандардите како што се HALAL и КОШЕР.

Во 2012 година, Swisslion го сертифицираше и стандардот FSSC, продолжена верзија на стандардот ISO 22000.