Компанија

За нас

Swisslion претставува империја во областа на производство на квалитетна и здрава храна. Примената на модерни технологии и врвното знаење, како и континуираниот процес на усовршување, поставија високи стандарди во водењето бизнис, живеењето и работењето во Swisslion.

Историјат

Swisslion ДOO Скопје е компанија чија главна дејност е производство и трговија со производи со врвен квалитет произведени со современа SL технологија.

 

SL tehnology е симбол и гаранција на врвен квалитет и технологија, производство на природна и здрава храна со контролирано потекло на влезните суровини и совршен вкус, односно симбол на модерна и висока автоматизирана технологија.

Swisslion ДОО Скопје е основана во 1998 година како Green Field странска инвестиција, со единствена дејност а тоа е увоз и дистрибуција на кондиторски производи. Во 2001 година, успешната работа на компанијата придонесе за развој на компанијата и во дејноста производство на кондитроски производи.

Од 2001 до денес во производниот погон во Скопје инсталирани се 3 производни линии со вкупен дневен капацитет од околу 20 тона готов производ. Swisslion ДОО Скопје исто така, финансиски ги консолирира и оперативно ги раководи и сите свои капитално поврзани друштва и тоа Swisslion Mak, Swisslion Agroplod, Swisslion Agrar i Prespa Turist.  Денеска Swisslion ДОО Скопје e компанија која е прогласена за најголема кондитроска индустрија во Македонија, најголем увозник и најголем извозник на кондитроски производи.

Swisslion ДOO Скопје

Во производниот погон на Swisslion ДОО Скопје се произведува благиот програм, кој го опфаќа производството на Софти бисквит со три различни вкуса (јагода, малина и портокал) и тоа во два вида (мини и макси), чоколадно дражираните производи Choco Boom и солениот програм кој го опфаќа производството на Hello солени стапчиња, Griski полнети солени стапчиња со фил од кикирики, переци, сусамки и микс.

Најголемиот дел од производството (70%) на, Swisslion ДОО Скопје го пласира на странските пазари.

Swisslion извезува во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Албанија, Шведска, САД, Австралија, Бугарија и други.

Swisslion Agroplod ДОО Ресен

Swisslion Agroplod ДОО Ресен е компанија која се занимава со производство, трговија и услуги во чија палета на производи спаѓаат кондиторски производи, снек производи, детска храна и цералии и кафе. Меѓу попознатите брендови овде спаѓаат:

RESSANA, AGROKREM , AGROKREM BLOK,  FLIPS , Coffie AGROPLOD . BONNY TOP , NUTRICEA …

Swisslion Mak ДОО Скопје

Swisslion Mak ДOO е трговско друштво кое се занимава со трговија и услуги на големо и мало и е ексклузивен застапник и дистрибутер на целата палета на производи под брендот Swisslion. Тука спаѓаат познатите брендови : EUROCREM , сокови TAKOVO , JUVITANA, DARIA, CHOCO BANANA , CHOCO BISCUIT…

Swisslion Agrar ДОО Ресен

Swisslion Agrar ДOO  Ресен  е трговско друштво кое се занимава со стопанисување со живинарска фарма, продавници и преработува примарни производи односно зеленчук и печурки.

Мисија, визија и cтратегија

Мисија

Освојување на европските и светските пазари со квалитетна, здрава и безбедна храна, притоа нудејќи широка палета на производи.

Визија

Проширување на опсегот на производство, опфаќање на повеќе области од преработката на храна и следење на светските трендови за производство на здрава храна.

Стратегија

Освојување на пазари со конкурентни производи произведени со современа технологија и модерна опрема за масовно производство на квалитетна, здрава и безбедна храна, а со тоа и постигнување на ниски цени.